Голманот на Пари Сен-Жермен, Шпанецот Серхио Рико останува хоспитализиран во сериозна состојба во болницата „Вирген дел Росио“ во Севилја по повредите кои ги доби во коњичка несреќа во неделата, а неговата сопруга, Алба Силва преку социјалните мрежи прати срцепарателна порака.
Според шпанските медиуми, Рико паднал од коњ, по што животното го удрило во врат, добивајќи сериозна повреда на главата и на мозокот.
„Не ме оставаја сама, моја љубов, бидејќи ти се колнам дека не знам како да живеам без тебе. Те чекаме, моја љубов“, напиша Рико на Инстаграм со фотографија од нивната венчавка.