Аријан Адеми (31) вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо, во победата против Риека (1:0). По 12 години, капитенот на „сините“, го напушта Максимир и кариерата ја продолжува во Пекинг Гуан во Кина. Со овој клуб, Адеми, потпиша тригодишен договор. Интересно ова е прв ангажман за Адеми надвор од Хрватска, претходно покрај за Динамо играше за Шибеник и Локомотива.
Против Риека, Адеми играше до 82. минута, а потоа со овации од публиката го напушти теренот.
По мечот, фудбалерите на Динамо носеа и маички во чест на Адеми. Капетанот доби и фотографија за спомен. Меѓу другите, на неговиот проштален натпревар пристигна и Мислав Оршиќ, до неодамна офанзивецот на клубот кој се пресели во Саутемптон.
Со порака на социјалните мрежи од Адеми се прости и човекот кој ја наследува капитенската лента. Доминик Ливаковиќ.
„Капетену, тежок натпревар е зад нас. Емоциите се силни, но кога ја гледаме кореографијата на навивачите, уште еднаш гледаме колку им значиш на твоите соиграчи и на сите навивачи. Заедно ја делевме соблекувалната и постигнавме историски резултати. Бевте наш лидер и бидете горди и исполнети со себе после се, затоа што сте најголеми, затоа што сте Динамо“, напиша Ливаковиќ на Инстаграм и додаде:
„Ако видиш дека не разбираш што зборуваат, врати се! Знаш дека вратата на клубот никогаш не ти е затворена. Среќно пријателе и благодарам за сè! Секогаш ќе имаш посебно место во срцата на сите фанови како и во моето, твојот најголем обожавател“.