Top Sport

Емотивна разделба на Буфон со навивачите на Јувентус (Видео)

Џанлуиџи Буфон (40) го одигра својот последен натпревар за Јувентус. Легендарниот Џиџи, по 656 натпревари и 17 години, реши да ја напушти „старата дама“.

Идолот на армијата навивачи на Јувентус, со солзи во очите се прости со преполните трибини на Јувентус арена.

foto: epa

Целата атмосфера кулминираше во 63.минута кога тренерот Алегри го изведи големиот Џиџи од игра.

Инаку Јувентус ја победи Верона со 2:1, со головите на Ругани и Пјаниќ, а стрелц на голот за гостите беше Чечрчи.

Покрај Буфон на овој натпревар од дресот на Јувентус се прости и швајцарскиот репрезентативец Штефан Лихштајнер. Играчот кој својата кариера ќе ја продолжи во Бундеслигата не усеа да реализира пенал во 85.минута.

Scroll to Top