Top Sport

Емотивно признание на Мурињо: Ова ми е најтешкиот Божиќ

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека ова е најтешкиот Божиќ во животот за него, по личната трагедија – ова е првиот голем празник без неговиот татко, поранешниот португалски голман, Жозе Мануел Мурињо Феликс, кој почина во јуни.

„Ова е првиот Божиќ без мојот татко, и мислам дека е најтешкиот досега“, изјави Мурињо.

Таткото на Мурињо имаше над 250 настапи за португалските тимови Виторија и Белененсес, а имаше и еден настап за португалската репрезентација, додека врвот на кариерата беше освојувањето на првиот Португалски куп за Виторија во 1965 година со 3:1 победа над Бенфика во финалето. Тој исто така беше и тренер на неговиот син во 20-годишната менаџерска кариера, во која работеше во 11 клубови.

Феликс беше болен подолго време, а 54-годишниот Мурињо неколку пати беше во Португалија да го посети минатиот јуни.

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on

Scroll to Top