Шокантен пораз доживеа составот на Наполи на својот стадион „Диего Марадона“. Пораз со 1-0 од екипата на Емполи.
Кутроне во 70 минута ги шокираше наполитанците.
Да биде несреќата уште поголема, во 85 минута македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се пожали на повреда и мораше предвреме да го заврши натпреварот.
Во првиот дел, поради проблеми со дишењето играта ја напушти и Пјотр Зиелински, на негово место во игра влезе Лоренцо Инсиње.
Инаку, Елмас при резултат 0-0 во првиот дел во 23 минута ја погоди пречката од голот на Емполи.
Со овој пораз, за Наполи втор во низа тимот на Лучијано Спалети заостанува три бода зад лидерот Милан и моментно се на четвртата позиција на табелата.
Во неделниот термин во Италија, Лацио како гостин беше поразен кај Сасуоло иако „небесносините“ имаа водство од 1-0 на полувреме со голот на Закањи уште во 6. минута.
Пресвртот го најави Берарди во 63 минута, а само 6 минути подоцна Распадори се погрижи трите бода да останат во Реџо Емилија.