Top Sport

Емполи со импресивна камбек победа над Удинезе

Новиот италијански прволигаш Емполи останува стабилен на средината на табелата во Серија А, откако успеаја да стигнат до камбек 3:1 победа над Удинезе во последниот меч од 16. коло во Италија.

Гостите, за кои Илија Несторовски доби шанса во последните 10 минути кога мечот беше одлучен, први дојдоа во водство во 22. минута преку Жерард Деулофеу, но второто полувреме во целост им припадна на Емполи. Словенецот Петар Стојановиќ во 50. минута израмни на 1:1, пред Албанецот Недим Бајрами само девет минути подоцна да го комплетира камбекот. Младиот Андреа Пинамонти во 78. минута стави точка на мечот.

Емполи сега се на 11. место во Италија со 23 поени, додека Удинезе се на 14. место со 16 поени, откако четири меча се без победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top