Top Sport

Златан „удри“ по Чалханоглу: Ја искористи трагедијата да замине во Интер

Златан Ибрахимовиќ вели дека му е благодарен на Хакан Чалханоглу за тоа што го направи за Милан, но додаде дека ги искористил „трагичните околности“ за да направи трансфер во Интер.

Чалханоглу одби да го продолжи договорот со Милан минатиот јули и наместо тоа направи трансфер кај лутите градски ривали Интер, каде што игра се подобро под Симоне Инзаги, но во очите на навивачите на „росонерите“ останува предавник, што јасно му го ставија на значење на неодамнешното дерби минатиот месец. Само Алексис Салемакерс, кој е близок пријател со Чалханоглу се ракуваше со турскиот репрезентативец по крајот на мечот.

Во новата автобиографија на Ибрахимовиќ, „Адреналин“, тој зборува за Чалханоглу.

„Мораме да се заблагодариме за тоа што го даде за тимот и да му посакаме најдобро во иднина. Звучи лошо да се каже, но Чалха искористи трагична ситуација. Немаше понуда за него, ниту од Интер, ниту од било кој друг клуб. но кога се случи трагедијата на Кристијан Ериксен, тие го побараа. Тој е добро момче, порасна многу со моја помош, доби храброст и верба. За време на ЕУРО му праќав пораки нему и на Ребиќ: ‘Тешко е без Ибра, а?’. Пред да дојдам јас, тој немаше најдобри бројки и секогаш се шегував: ‘Јас те направив голем’“, вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top