Емполи и Сампдорија, славеа победи во попладневните натпревари одиграни во 14.коло, во Серија А. Двата тима успеаја со пресврти да ги однесат победите во дуелите со Фиорентина, односно Верона.
Емполи во нецели 120 секунди, во финишот на натпреварот ја шокираше Фиорентина. Гостите од Фиренца дојдоа до предност вп 57.минута со голот на Валховиќ. Српскиот репрезентативец го постигна 11 гол сезонава во Серија А.
Во самиот финиш Бандинели во 87. и Пинамонти во 89.минута направија целосен пресврт.
Фиорентина се наоѓа на осмото место со 21 бод, Емполи е на десеттата позиција со 19 поени колку што има и Верона, која доживеа пораз од Сампдорија во Џенова (3:1).
Тамезе во 37.минута ја казни грешката на Јошида и на полувреме и донесе предност на Верона. Сампдорија пресвртот го направи во вториот дел благодарение на ветеранот Кандрева.
Тој најпрвин израмни во 51.минута, а во 77.минута му асистираше на Брежински. Конечните 3:1 ги постави Муру.