Top Sport

Емре Белозоглу оди во фудбалска пензија

Легендата на турскиот, но и на европскиот фудбал, Емре Белозоглу (39) одлучи да стави крај на професионалната кариера. Емре заврши во Фенербахче, клубот за кој настапуваше во три наврати.

„Постојат имиња кои не се запишани само на дресот, туку и на грбот, изгравирани во историјата на клубот и во незаборавот. Во својата кариера с игрите и залагањето, Емре Белозоглу го запиша своето име во историјата на нашиот клуб“ се наведува во соопштението на клубот.


Играчот од средниот ред кариерата ја започна во Галатасарај, а потоа настапуваше за Интер, Њукасл, Фенербахче, Атлетико Мадрид, повторно Фенербахче, Истанбул Башакшехир и на крајот по третпат во Фенербахче.

За селекцијата на Турција играше од 2000 го 2019 година, настапи на 101 меч и постигна 9 гола.

Scroll to Top