Емре Џан пристигнал во Торино и кога ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише четири годишен договор со Јувентус.
Доскорешниот фудбалер на Ливерпул, во редовите на италијанскиот шампион, ќе пристигне како слободен играч, а во Јувентус годишно ќе заработува пет милиони евра.
Џан, изминатите три сезони, го носеше дресот на Ливерпул, а претходно играл во Баерн и Баер Леверкузен.
За репрезентацијата на Германија има одиграно 20 натпревари.