Top Sport

Салах демантира дека ја напуштил репрезентацијата

Мохамед Салах се огласи на социјалните мрежи откако бројни светски медиуми објавија дека го напуштил националниот тим. Наводно, Салах, имал непријатна расправија со челниците на репрезентацијата, по натпреварот со Русија, по кој Египет остана без шанси за пласман во нокаут фазата.

Медиумите пишуваа дека Салах е незадоволен од атмосферата во репрезентацијата и дека нема да настапи на последниот меч во групата против Саудиска Арабија.

„Во репрезентацијата на Египет владее заедништво, меѓу нас не постои никаков конфликт“, напишал напаѓачот на Ливерпул на својот профил на „Твитер“.

Салах не играше на првиот меч против Уругвај кој неговиот тим го загуби 0:1, а против Русија го постигна единствениот гол во поразот 1:3.

Scroll to Top