Top Sport

Емре Џан ја реши Херта (Видео)

Борусија Дортмунд минимално ја победи Херта во последниот меч од саботната програма во Бундеслигата.

Фудбалерите на Борусија потешко од прогнозите успеаја да го совладаат тимот од Берлин.

Иако доминираа во поголемиот дел од натпреварот постигнаа само еден гол. Единствениот гол на натпреварот го постигна Емре Џан во 58 минута.

Со оваа победа Борусија остана на втората позиција со седум бода помалку од Баерн Минхен. „Милионерите“ ги задржаа теоретските шанси во борбата за титулата, но поважно е што на четири кола до крајот речиси го обезбедија местото во Лигата на шампионите.

За преостанатите две места се борат Лајпциг, Борусија Мехенгладбах и Баер Леверкузен.

Scroll to Top