Top Sport

На денешен ден Дражен Петровиќ го одигра последниот меч во животот

На 6 јуни 1993 година Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар во животот. Во Вроцлав Хрватска загуби од Словенија 90:94 во последниот натпревар од европските квалификации. Мечот беше неважен за Хрватите кои веќе имаа обезбедено пласман на Европското првенство.

По завршувањето на натпреварот сите хрватските репрезентативци, со исклучок на Дражен Петровиќ, останаа да преноќат во Вроцлав. Петровиќ со својата девојка Клара Салатни со автомобил замина за Франкфурт.

На авто-патот кон Франкфурт таа предизвика сообраќајна несреќа. Дражен Петровиќ загина во несреќата.

На својот последен меч постигна 30 поени, со што ја надмина бројката од 1.000 поени во дресот на Хрватска.

Петровиќ во кариерата играше во Шибенка, Цибона, Реал Мадрид, Портланд и Њу Џерси.

Scroll to Top