Top Sport

Емре Џан се извини за изјавата: Што сме ние, жени?

Германскиот интернационалец на Јувентус, Емре Џан се извини за сексистичката изјава по контроверзниот црвен картон на неговиот нов клупски колега Кристијано Роналдо на вчерашниот меч против Валенсија.

По црвениот картон на Роналдо за дуелот со Хеисон Мурилјо и неговата емотивна реакција, многумина изјавуваа чудни работи, како неговата сестра, која тврдеше дека има заговор о неговиот брат, додека Џан беше шокиран по мечот.

„Тоа треба да виде црвен? Слушнав дека беше за влечење за коса. Ние не сме жени, играме фудбал. Ако давате црвен картон за ова, тогаш секој дуел може да е за црвен“, изјави по мечот Џан.

Сега, тој преку Твитер се извини за својата реакција.

„Сакам да издвојам момент за расчистување на моите коментари по вчерашниот меч. Мојот одговор по гледањето на видеото на Кристијано предизвика многу контроверзи. Би сакал да кажам дека тоа не беше наменето да се деградираат жените, женскиот фудбал или еднаквоста. Сите кои ме познаваат ја знаат мојата почит кон жените и еднаквоста. Сакав да застанам во одбрана на мојот тимски колега поради погрешната одлука која можеше да има влијание на резултатот. Се извинувам ако предизвикав болка“, напиша Џан.

Scroll to Top