Top Sport

Јаја Туре му фрлил африканска „клетва“ на Гвардиола?

Контроверзниот агент на Јаја Туре, Дмитриј Селук на социјалните мрежи објави интересна карикатура на која Туре му фрла „вуду“ клетва на Пеп Гвардиола, откако Манчестер сити загубија со 1:2 од Лион во Лигата на шампионите.

Селук долго време го обвинуваше Гвардиола за неговиот третман на Туре, кој ова лето замина од „Етихад“ да потпише со грчкиот Олимпијакос. На карикатурата, Туре, облечен како африкански вуду-свештеник со игла ја боде куклата, а Гвардиола чувствува болка во задникот.

Ова доаѓа, откако Селук го обвини Гвардиола оваа година дека има „план“ против африканските фудбалери и дека сега ќе му биде фрлена клетва за никогаш да не ја освои повеќе Лигата на шампионите.

„Тој ја сврте цела Африка против него и многу африкански фанови од Манчестер сити. Сигурен сум дека африканските шамани во иднина нема да дозволат Гвардиола да ја освои Лигата на шампионите. Тоа ќе биде африканската клетва за Гвардиола. Ќе се покаже дали сум во право“, изјави претходно Селук.

Scroll to Top