Top Sport

Емре Џан за Санчо: Зошто некој од Борусија би заминал во Манчестер јунајтед?

Соиграчот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, Емре Џан вели дека не гледа зошто било кој фудбалер на неговиот клуб би заминал во Манчестер јунајтед, бидејќи воопшто не се работи за поатрактивна опција за развој.

Се верува дека Оле Гунар Солскјер има огромна желба да го убеди Санчо да се врати во Манчестер, но овојпат наместо во дресот на Сити кај „ѓаволите“, но Џан, кој пристигна во Борусија од Јувентус во јануари вели дека не гледа причина за тоа.

„Не гледам причина поради која би го поставил Манчестер јунајтед над Борусија Дортмунд. Ниту од спортска страна, ниту поради некоја привлечност. Би му советувал да остане и да играме заедно засекогаш“, вели Џан во интервју за „Спорт билд“.

20-годишниот Санчо ја продолжи фантастичната форма и оваа сезона со 17 гола и 17 асистенции досега и Џан вели дека тој е уникатен талент.

„Џејдон има класа каква што немаат многу фудбалери. Тоа веднаш се забележува и мислам дека тој е многу важен за нас“, додава Џан.

Scroll to Top