Top Sport

Гетџи верува дека има единствена техника за победа над Хабиб

Хабиб Нурмагомедов е еден од најдоминантните фајтери во историјата на УФЦ без пораз во 28 професионални мечеви, но Џастин Гетџи вели дека ако некој може да го совлада Дагестанецот и да му го одземе појасот во лесна категорија, тоа е токму тој.

Гетџи, кого дел од американските медиуми го нарекоа „Големата американска надеж“, го декласираше Тони Фергусон на УФЦ 249 и во интервју за „ЕСПН“ вели дека има совршена техника за да стане шампион.

„Секогаш работам да бидам најдобриот. Јас сум атлетски граден, и прво нешто што ти ’заминува’ кога ќе се умориш се нозете, така што прво ќе работам на тоа. Ако имам силни нозе, нема да се уморам, а ако не се уморам можам да го удрам како камион. Ми требаат само осум пати да го удрам во нозете и тој е готов. Има многу фактори, но тоа е рецептот“, вели Гетџи.

Фокусот на изддржливоста секако е биде фактор бидејќи Хабиб е познат по диктирање на темпото на мечот кое малкумина можат да го изддржат. Тој има загубено само една рунда во целата УФЦ кариера, треетата против Мекгрегор во 2018, и повеќето противници едноставно потклекнуваат под овој притисок.

Покрај тоа, клучно за Гетџи ќе биде и што е можни подолго да се остане на нозе, бидејќи кога ќе се на подот, шампионот секогаш наоѓа начин да ги „врзе“ нозете на противникот со своите и со доминантните боречки квалитети да се најде во позиција да го заврши мечот.

Scroll to Top