Top Sport

Ен-Несири беше херој против Португалија, па се посрамоти со негативен рекорд на СП

Јусеф Ен-Несири беше херој на мароканските навивачи на СП во Катар, откако со неговиот фантастичен гол со глава со неверејатен скок од 2.78 метри африканската репрезентација успеа да стигне до 1:0 победа над Португалија во четврт-финалето на СП. Полуфиналето против Франција, напаѓачот на Севилја најверојатно ќе сака бргу да го заборави.

25-годишниот Ен-Несири беше стартер и одигра 67 минути, во кои имаше само 3 допири со топката. Ова е негативен рекорд – тоа се најмал број на допири на топката од кога се води оваа статистика на СП (од 1966 година) за играч кој одиграл повеќе од 45 минути.

Scroll to Top