Top Sport

Реал со почест за „големата легенда“ на клубот, Герет Бејл

Иако дел од нивните фанови отворено го мразеа Велшанецот, Реал Мадрид официјално го нарече Герет Бејл „голем легенда“ на клубот, откако тој објави дека се пензионираше од фудбалот на 33 години.

Преку официјално соопштение, „кралевите“ сакаа да му покажат „благодарност, восхитување и љубов“ на Бејл, нанижувајќи ги 19-те трофеи кои тој ги освои со клубот.

„Герет Бејл беше дел од нашиот тим во еден од најуспешните периоди во историјата и ни даде некои спомени кои никогаш нема да бидат заборавени. Ти засекогаш ќе бидеш поврзан со историјата на нашиот клуб. Многу среќа Герет, и желби за успех кон тебе и твоето семејство“, велат од Реал.

Scroll to Top