Top Sport

Енцо Фернандез со уцена ја принудил Бенфика да му дозволи трансфер во Челси

Аргентинскиот интернационалец Енцо Фернандез пристигна во Челси во последниот ден од зимскиот преоден рок. Се чинеше дека трансферот нема да се случи, Бенфика упорно инсистираше на 120 милиони евра за играчот за врска кој го доведоа пред шест месеци од Ривер Плата.

Португалскиот медиум „Рекорд“ излезе со тврдења дека Енцо ја уценувал Бенфика за да го пушти во Лондон.

Челси прво понудил пари, плус размена на играчи. Бенфика го побара Матео Ковачиќ, што „сините“ веднаш го одбија и се чинеше дека португалскиот клуб ќе ја напушти преговарачката маса.

Меѓутоа, како што открива португалскиот медиум, Енцо Фернандез потоа се заканил дека ќе сними видео во кое ќе ја открие структурата на финансиските работи во Бенфика.

Очигледно дека и таму работите не фунлционираат совршено, а тоа би предизвикало голема бура и можни казни од Фудбалската федерација на Португалија и од УЕФА.

Scroll to Top