Поранешниот тимски менаџер на Ајакс, Давид Енд се извини за тврдењата дека Јувентус се допингувале за време на финалето во Лигата на шампионите во 1996 година.
Веднаш по ждрепката која ги постави двата поранешни европски шампиони во дуел во четврт-финалето, Енд го повтори обвинувањето дека фудбалери на Јувентус биле „малку допингувани“, но сега во интервју со „Туто меркато“ има поинаква верзија, велејќи дека се шегувал.
„Бев погрешно разбран и не кажав дека Јувентус беа дрогирани. Тоа што го кажав беше шега на еден навивач кој не размислуваше добро и реагираше бргу. Околу ’бјанконерите’ секогаш имаше некое чувство на измама и на смеење изјавив дека тоа ќе беше дополнителна мотивација, но не мислев на допингување. Не сакав да ги навредам Јувентус, а тие го сфатија тоа што го кажав сериозно и си направија приказна. Го загубивме тоа финале бидејќи не бевме најдобри и игравме лошо. Најлошото не беше допингот, туку ’калчополи’. Сакав да го разјаснам тоа. Во моите зборови немаше обвинувања. Се извинувам“, изјави Енд.
„Сакаме одмазда за финалето во 1996, играчите на Јуве тогаш беа под допинг“