Top Sport

Енди Керол се врати во Њукасл по 8 години

Контроверзниот фудбалски напаѓач, 30-годишниот Енди Керол е најновото засилување за тимот на Њукасл, а условите во поранешниот клуб ги договори неколку часа пред официјалното завршување на трансфер периодот.

Керол на „Сент Џејмс парк“ стигнува како слободен играч, а договорот со Њукасл му е на една година.

Керол го врати Њукасл во елитата во 2011 година, за после 6 месеци да го напушти клубот и за 35 милиони евра да се пресели во Ливерпул. За „црвените“ даде 11 гола на 58 меча.

Во ниедна сезона потоа не одигра повеќе од 30 меча, а сега големата надеж на англискиот фудбал бара нова шанса кај клубот и навивачите кои го „дигаа до небо“.

Високиот напаѓач имаше проблем и со дисциплината, а посебно беше критикуван од италијанскиот стратег, Фабио Капело кој неколкупати го фати со алкохол.

Scroll to Top