Top Sport

Енди Керол заминува од Њукасл

ВБА грчевито се борат за опстанок во Премиер лигата. Менаџерот Сем Алардајс, до крајот на преодниот рок, има намера да го засили тимот со еден напаѓач. Прва негова желба е искусниот Енди Керол.

ВБА сака да го донесе Крол на позајмица до крајот на сезоната, а потоа би преговарал со Њукасл околу откуп на договорот.

32-годишниот напаѓач, од почетокот на сезоната, настапил на 17 натпревари, одиграл вкупно 577 минути и постигнал еден гол.

Њукасл, односно менаџерот Стив Брус, не смета сериозно на Керол. Напаѓачот најчесто влегува како џокер од клупата.

Според „Трансфермаркт“, Керол на фудбалскиот пазар има вредност од 3.200.000 евра.

Scroll to Top