Top Sport

Фенербахче со СМС пораки собира пари за договорот на Озил

Дел од платата на Месут Озил во Фенербахче, ќе ја плаќаат навивачите, тврди претседателот на турскиот великан, Али Коч.

Озил, потпиша договор со Фенербахче на три и пол години. Неделно ќе заработува 67.000 евра. Исто така тој ќе добие и бонус од 5.000.000 евра.

Фенербахче нема толку пари, поради што клубот покрена кација меѓу навивачите. Тие со СМС пораки можат да му помогнат на клубот да собере пари.

Една СМС порака чини 2,5 евра, а досега биле испратени 160.000 пораки. Клубот од СМС пораки собрал повеќе од 325.000 евра.

„Се надевам дека ќе дојдеме до бројка од 1.000.000 СМС пораки“, рекол Коч.

Scroll to Top