Top Sport

Ендика колабираше на теренот – Прекинат натпреварот меѓу Удинезе и Рома

Застрашувачка сцена на „Фриули“ го прекина натпреварот меѓу Удинезе и Рома.

Стоперот на Рома, Еван Ендика, во 72.минута,колабираше во моментот кога топката не беше ни блиску до него.

Ендика, стоперот кој настапува за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, според италијанските медиуми почувствувал болка во градите. Медицинските екипи експресно реагираа и носилки го однесоа Ендика во соблекувалната.

Добрата вест е што Ендика гест со палците нагоре дека е буден и дека се чувствува релативно добро. Според последните информации кои доаѓаат од Италија, Ендика е свесна и одговара на прашања.

Навивачите во Удине со аплауз го поздравија 24-годишниот Африканец роден во Париз.

Останува да видиме каква ќе биде одлуката на организаторите за тоа како ќе се игра натпреварот поради прекинот. Се очекува дуелот да продолжи од истата минута кога ќе се најде соодветно време.

Scroll to Top