Top Sport

Енер Валенсија „врати“ за контроверзно поништениот гол на Еступињан

Енер Валенсија го постигна својот трет гол за Еквадор на СП во Катар во 49. минута од второто полувреме за 1:1 израмнување против Холандија, откако на јужноамериканската репрезентација контроверзно им беше поништен гол во финишот на првото полувреме.

Во последните минути од првото полувреме, напаѓачот на Брајтон, Первис Еступињан успеа да ја смести топката во мрежата на Холанѓаните, но судиите одлучија дека имало „попречување“ на холандскиот голман Ноперт и офсајд ситуација, иако еквадорскиот играч не ја допре топката. Протестите на Еквадор не успеаја и ВАР ја потврди одлуката.

Затоа, на почетокт на второто полувреме, повторно Еступињан стрелаше, но Ноперт одбрани, за топката да стигне до Валенсија, кој постигна гол, неговиот трет на СП по двата за 2:0 победата над Катар во првото коло.

Scroll to Top