Top Sport

Енис Барди е веќе во Трабзон: Многу сум среќен што ќе играм за шампионот на Турција

Енис Барди пристигна во Трабзон. Македонскиот репрезентативец денеска ќе го реализира трансферот во турскиот шампион Трабзонспор.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од шампионскиот тим на Трабзонспор. Многу сум среќен што сум тука. Останува да ги средам сите детали и потоа да се видам со мојот нов тренер и моите нови соиграчи“, рече Барди.

Тој во текот на денот треба да ги мине медицинските прегледи и да потпише тригодишен договор со клубот.

Scroll to Top