Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Фазлагиќ својата кариера ќе ја продолжи во турскиот клуб Истанбулспор. Откако полскиот тим Висла Краков не успеа да обезбеди опстанок во елитата, раководството на клубот сака да се ослободи од скапите странци.
За Фазлагиќ најголем интерес покажа Истанбулспор кој се очекува многу брзо да го реализира трансферот на Фазлагиќ.
Претходно, Енис Фазлагиќ настапуваше и во Словачка, во тимот на Жилина.