Top Sport

Енрике го објави првиот список како селектор на Шпанија

Луис Енрике го објави списокот на фудбалери за натпреварите во Лигата на Нации. Шпанија во септември ќе игра против Англија и Хрватска. Новиот селектор на „црвената фурија“, за овие две средби не ги повика досега стандардните Жорди Алба (Алба) и Коке (Атлетико Мадрид), а во репрезентацијата го врати Алваро Мората (Челси).

Луис Енрике, со оглед на тоа дека по Светското првенство од националниот тим се повлекоа Андрес Иниеста, Давид Силва и Џерард Пике, повика четворица дебитанти.

Прв пат повик во шпанската репрезентацијата добија голманот на Бетис Пау Лопез, односно Диего Љоренте (Реал Сосиедад), Хосе Луис Гаја (Валенсија) и Дани Себалјос (Реал Мадрид).

Интересно на списокот на Енрике има само двајца играчи од неговиот поранешен тим Барселона.

Шпанците на 8.септември ќе гостуваат во Англија, а три дена подоцна во Елче ќе ја пречекаат Хрватска.

Списокот на Луис Енрике:

Голмани: Давид Де Хеа (манчестер јунајтед), Кепа (Челси), Пау Лопез (Бетис)

Одбрана: Дани Карвахал (Реал), Сесар Аспиликуета (Челси), Раул Албиол (Наполи), Начо (Реал), Диего Љоренте (Реал Сосиедад), Ињиго Мартинез (Атлетик Билбао), Маркос, Алонсо (Челси), Хосе Луис Гаја (Валенсија), Серхио Рамос (Реал)

Среден ред: Серхио Бускетс (Барселона), Серхи Роберто (Барселона), Родри (Атлетико Мадрид), Саул (Атлетико Мадрид), Тијаго Алкантара (Баерн Минхен), Дани Себалјос (Реал)

Напад: Иско (Реал), Марко Асенсио (Реал), Алваро Мората (Челси), Диего Коста (Атетико Мадрид), Сусо (Милан), Родриго (Валенсија)

Scroll to Top