Top Sport

Енрике: Каков Модриќ, Меси е најдобриот на светот

Шпанскиот селектор Луис Енрике е последниот во низата на коментатори околу наградата на ФИФА за најдобар фудбалер за која фаворит е хрватскиот капитен Лука Модриќ, оценувајќи дека неговиот поранешен пулен од Барселона, Лионел Меси е најимпресивниот и најдобриот фудбалер на светот.

ФИФА минатата недела ги објави тројцата номинирани за фудбалер на годината, со Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах во финалето, откако Роналдо и Модриќ помогнаа Реал Мадрид да стигне до титулата од Лигата на шампионите, додека Салах имаше исклучителна сезона со тимот на Ливерпул.

Многумина сметаа дека Меси, кој со Барселона освои двојна титула, заслужува да е во ова „финале“, и Енрике, пред дуелот од Лигата на нации против Хрватска го поддржува тоа.

„Ако зборуваме за хрватските фудбалери, тогаш тука исклучителни се Модриќ и Ракитиќ. Но, ако зборуваме за најдобар на светот, тогаш таа награда треба да оди кај Лео Меси, кој е чекор пред сите“, вели Енрике.

Scroll to Top