Top Sport

Енрике: Шпанија нема да ризикува да биде втора за да ги избегне Бразилците

Луис Енрике не планира да „ризикува“ против Јапонија во последниот меч од групната фаза на СП во Катар за „фуријата“ да заврши на второто место на групата и така да ги избегне Бразилците.

На прашање дали повеќе би сакал да заврши како втор во групата Е, за да избегне потенцијално четврт-финале против Бразил, Енрике беше јасен. Шпанија ќе ја освои групата со победа над Јапонија, по што би играле со Мароко, Хрватска или Белгија во осминафиналето пред потенцијалниот меч со „селесао“.

„Тоа е добро прашање, бидејќи сите размислуваа за тоа. Но, замислете дека ќе завршиме како втори и стигнеме до 90. минута и е 0:0 во двата меча, а во 95. минута на 15 секунди пред крајот, Јапонија и Костарика погодат. Се коцкаш и сега си во аут. Или Германија води со 5:0, а ние одиме на реми, а Јапонија ни даваат гол и повторно сме во аут. Кога сте сигурни дека имате силен тим, тогаш знаете дека ќе играте седум меча до финалето и не гледате да завршите втори, туку само први. Ако играме со Бразил во четврт-финале, добро, нека биде така. Но, не треба да ги броиме кокошките пред да се испилат“, вели Енрике.

Scroll to Top