Foto/ EPA
Фудбалската репрезентација на Германија минува низ еден од најтешките периоди во својата богата историја. Организаторот на ЕУРО 2024 реди порази, а континеталниот шампионат на кој имаат големи амбиции ќе започне за седум месеци. Германците синоќа, во пријателски натпревар, загубија 2:0 од Австрија.
Не може да се објасни падот на германскиот национален тим. Гледано од оваа перспектива не било до селекторите, Ханси Флик дојде на местото на Јоаким Лев, а откако Флик стана првиот селектор во германската историја кој добил отказ на неговото место дојде Јулијан Нагелсман.
Германија во 2014 година супериорсно го освои Светското првенство во Бразил, а потоа на наредните две, во Русија и Катар не успеа да ја мине првата фаза.
Она што е лошо за нив е што кризата како да нема крај. Во 2023 година, Германија одигра 11 натпревари, забележаа само три победи, два пати играа нерешено и доживеаја шест порази.
Јулијан Нагелсман мандатот го започна со победи над Франција и САД, но сега и тој започна да лута и да ја тера јавноста да се прашува дали селекторот воопшто има некаков план и систем/
Не им е јасно што се обидува да направи Нагелсман, Каи Хаверц вторпат по ред игра на позицијата лев бек, а селекторот тврди дека немаат доволно добри одбранбени играчи.
„Сега немаме чудовишта, а нема да ги имаме ниту до почетокот на ЕП. Ова тим тоа го нема. Играчите играат во тимови кои се многу повеќе фокусирани на нападот отколку на одбраната“, рече Нагелсман, кој не делува како човек кој може да го реши овој проблем.
Германците лесно примаат голови, тоа го забележа и Ралф Рангник, тренерот на Австрија.
„Тешко е да се победи ако примиш два или три гола на натпревар. Тоа е одговорност на тренерот и Јулијан има многу работа“, изјави Рангник.
Ова се резултатите на германската репрезентација во 2023 година:
Германија – Перу 2:0
Германија – Белгија 2:3
Германија – Украина 3:3
Полска – Германија 1:0
Германија – Колумбија 0:2
Германија – Јапонија 1:4
Германија – Франција 2:1
САД – Германија 1:3
Мексико – Германија 2:2
Германија – Турција 2:3
Австрија – Германија 2:0