Top Sport

Ерера: Ако Меси не даде 50 гола во сезона, луѓето мислат дека е катастрофа

Неубедливата прва сезона во дресот на Пари Сен-Жермен не треба да му се гледа како неуспех на Лионел Меси, смета неговиот соиграч Андер Ерера, кој додава дека е воодушевен од „најдобриот на сите времиња“.

Во интервју за „АС“, Ерера објаснува дека големината на Меси нема да се проценува по сезоната 2021/22, во која 35-годишниот Аргентинец имаше само 11 гола во 37 настапи.

„Вие барате тој да даде 50 гола во една сезона. Кога нема да стигне до таа бројка, сите зборуваат и велат дека е катастрофа. Но, да не заборавиме дека Лео постави рекорд во Лига 1 со 10 стативи! Да ги дадеше тие 10 гола, ќе беше многу добра сезона за него. За мене, тој е најдобриот на сите времиња, без дискусија. Сега го почитувам уште повеќе кога видов како се однесува секојневно со скромност и со насмевка за сите“, вели Ерера.

Scroll to Top