Top Sport

Ливерпул сигурни дека следното лето ќе го донесат Белингем

Ливерпул се сигурни дека ја добиле битката за потписот на англискиот талент на Борусија Дормтунд, Џуд Белингем, откако Калвин Филипс замина во Манчестер сити, тврди „Сан“.

Јирген Клоп е голем фан на Англичанецот, кој ги одби понудите од Манчестер јунајтед и Манчестер сити за да замине во Бунеслигата, и го смета Белингем како прва цел следното лето, иако се очекува Борусија да бара сума од над 90 милиони евра за неговиот потпис. Минатиот месец, Белингем потврди дека останува во Дортмунд, бидејќи тоа е најдобро за неговиот развој.

„Црвените“ досега во летниот преоден рок го донесоа напаѓачот на Бенфика, Уругваецот Дарвин Нуњез за 85 милиони фунти, како и Фабио Карваљо од Фулам и Калвин Ремзи од Абердин.

Scroll to Top