Top Sport

Ерера и ПСЖ спогодбено ќе се разделат

Андер Ерера, искусниот Баскеиц е еден од фудбалерите на кои не смета новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтије. Ерера пред три години пристигна во Париз како слободен играч од Манчестер јунајтед. Неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни 2024 година.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ се подготвени да го исплатат Ерера и тој ќе може како слободен играч да се пресели во друг клуб.

Ерера има годишна плата од 4.000.000 евра, ПСЖ за да го ослободат од обврските биле подготвени да му платата 6.000.000 евра.

Се шпекулира дека 32.годишниот фудбалер ќе се врати онаму каде што ја започна кариерата, во Атлетик Билбао. Доколу се случи тоа Ерера ќе биде големо засилување за екипата која од оваа сезона повторно ќе ја предводи Ернесто Валверде.

Scroll to Top