Top Sport

Ерера од Манчестер Јунајтед оди во ПСЖ

Андер Ерера, по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

„Марка“ пишува дека 29-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во редовите на Пари Сен Жермен. Поранешниот играч на Атлетик Билбао со ПСЖ договорил неделна плата во износ од 173.000 евра.

Ерера пет години е во Манчестер Јунајтед, а иако се шпекулираше дека ќе го продолжи договорот, до нешто такво нема да дојде бидејќи клубот не му ја понудил таа опција.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');