Top Sport

„Мртва“ трка за првото место во Западната конференција (Видео)

Денвер Нагетс и Голден стејт Вориорс ја продолжуваат борбата за првата позиција во Западната конференција, во НБА лигата. Изминатата ноќ Нагетс победија во Вашингтон, а Вориорс ги совладаа Индијана Пејсерс. Вориорс имаат скор 49/22, а Нагетс 48/22.

Денвер Нагетс без поголеми проблеми во главниот град на САД ги совладаа Визардс 113:108. Во погoлемиот дел од натпреварот Нагетс имаа двоцифрена предност, Визардс се заканија во последната четвртина, но не успеаја да направат целосен пресврт.

Петмина кошаркари на Денвер постигнаа по 15 поени: Милсап, Херис, Мари, Крег и Јокиќ, а Србинот имаше и 11 асистенции, односно 6 скока. Вашингтон го предводеа Бил со 25 и Брајант со 22 поени.

Бранителите на титулата, Голден стејт Вориорс рутински ја декласираа Индијана. Вориорс во постигнаа 34 и 35 поени во втората и третата четвртина. Шестмина кошаркари кај шампионите имаа двоцифрен број на поени, а тимот го предводеше Демаркус Казинс со 19 поени и 11 скока. Потфрли во редовите на Индијана најдобриот стрелец, хрватскиот бек Бојан Богдановиќ кој постигна само девет поени (3/10 шут од поле).

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Минесита Тимбервулвс 113.106
Вашингтон Визардс-Денвер Нагетс 108:113
Атланта Хокс-Јута Џез 117:113
Финикс Санс-Детроит Пистонс 98:118
Сакраменто Кингс-Далас Маверикс 116:100
Голден стејт Вориорс-Индијана Пејсерс 112:89

Scroll to Top