Андер Ерера ја откри едноставната и кратка порака која Оле Гунар Солксјер им ја дал на фудбалерите на Манчестер јунајтед кога пристигна како замена за Жозе Мурињо и по која Јунајтед има седум победи во низа под водство на Норвежанецот.
Гол-разликата од 19:5 е тие седум меча е сосема различна од скорот под Мурињо и „ѓаволите“ повторно се на добар пат да обезбедат топ 4 пласман и квалификација во Лигата на шампионите, а Ерера вели дека Солскјер бил краток и јасен.
„Од првиот ден кога тој дојде пораката беше многу јасна: ’Ова е Манчестер јунајтед и вие треба да покажете дека сте фудбалери за Манчестер јунајтед’. Тој сакаше да ни покаже дека мораме да ја сакаме топката и во тешките моменти и мислам дека го послушавме. Во Њукасл на пример само чекаа наша грешка како и секоја година, но реагиравме одлично“, вели Ерера.