Top Sport

Навивачите на Нант излегоа на улиците во чест на Сала (видео)

Навивачите на францускиот клуб Нант оддржаа емотивно бдеење во центарот на градот за напаѓачот Емилијано Сала, откако неговиот авион исчезна при прелетот на Ле Манш на пат до Кардиф, каде што комплетираше трансфер од 15 милиони фунти.

Полицијата по 15-часовна потрага објави дека се пронајдени неколку објекти во водата, но не можеше да потврди дали се работи за делови од исчезнатиот авион и поради темнина ја прекина потрагата до утре наутро.

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Scroll to Top