Пари Сен Жермен ја добија битката за Манчестер Јунајтед околу потписот на играчот од редот за врска Андер Ерера.
Шпанецот ги прекинал преговорите со англискиот клуб, околу продолжувањето на соработката, бидејќи се шпекулира дека тој има договор со францускиот шампион.
Според англиските медиуми, Ерера, решил да замине од „Олд Трафорд“, откако во клубот не се согласиле да му ја зголемат платата, односно финансиски не можеле да ја испратат понудата на ПСЖ.
Шпанецот во Париз ќе пристигне како замена за Адријен Рабио, кој заминува како слободен фудбалер.
Ерера во ПСЖ би требало неделно да заработува околу 200.000 фунти, односно се претпоставува дека за пет години ќе заработи 52 милиони фунти.