Top Sport

Ерера замина од Работнички, Муарем се врати меѓу „романтичарите“

Фудбалскиот клуб Работнички ќе остане без Себастијан Херера. Колумбиецот кој пет години го носеше дресот на „романтичарите“, кариерата ќе ја продолжи во унграскиот шампионат во екипата на МТК.

Во исто време Работнички го продолжи договорот со тренерот Ратко Достаниќ. Искусниот спрски тренер кој во зимскиот преоден рок го презеде тимот потпишал нов две годишен договор.

Покрај тренерот Достаниќ нов договор од клубот доби и Драган Стојков. 31 годишниот фудбалер потпишал едно годишен договор.

„Романтичарите“ го потврдија и трансферот на Муарем Муарем кој официјално е првото засилување за новата сезона. Муарем токму во Работнички ја започна својата кариера (2008-2010). Во Македонија настапуваше за Тетекс и за Шкупи, а интернационалната кариера ја градеше во Турција (Ордуспор, Ескишехирспор), Азербејџан (Карабах), Казахстан (Актобе) и во Албанија (Фљамуртари).

фото/Twitter, Macedonia Prva liga

Scroll to Top