Ерик Абидал ќе биде новиот спортски директор (технички директор) на Барселона од сезоната 2018/19, наследувајќи го Роберт Фернандез, кому нема да му биде продолжен договорот.
Фернандез беше сметан за еден од виновниците за заминувањето на Нејмар во ПСЖ минатото лето за рекордни 222 милиони евра, а покрај тоа дел од засилувањата кои ги донесе во каталонскиот клуб не ги остварија очекувањата на „Ноу Камп“.
Абидал беше фудбалер на Барса од 2007 до 2013 година, иако сериозните здравствени проблеми и трансплантацијата на црниот дроб не му дозволија многу мечеви во финишот на кариерата. Поранешниот француски репрезентативец стана амбасадор на Барселона во 2017 и сега добива позначителна улога во клубот.
Абидал ќе биде претставен пред јавноста на 18 јули, се додава во соопштението на клубот.
[BREAKING NEWS] @EAbidalOfficial will be the new first team technical secretary at FC Barcelona. More details ? https://t.co/6nWHlp2VNv
— FC Barcelona ?? (@FCBarcelona) June 7, 2018