Top Sport

Ериксен е играч на Интер

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен од денес официјално е играч на Интер. Тој со овој клуб потпишал договор до јуни 2024 година.

Повеќе неделната сага околу трансферот на Ериксен заврши во вторникот. Тој во Интер пристигна во трансфер тежок 20 милиони евра. Данецот ќе има фиксна годишна плата од 7,5 милиони евра, а дополнително ќе може да заработи уште 15,5 милиони евра.

Во Интер, Ериксен, ќе го носи на грбот бројот 24.

За Ериксен Интер ќе биде третиот клуб во кариерата по Ајакс и Тотенхем. Последните шест и пол години тој ги мина во Тотенхем. За клубот од северен Лондон одиграл 305 натпревари, постигнал 69 гола и забележал 89 асистенции.

Scroll to Top