Кристијан Ериксен ја игра последната сезона во Тотенхем. Прашање е само дали Данецот ќе остане до крајот на сезоната или Тотенхем ќе го продадат во јануари кога ќе можат и да заработат нешто од неговиот трансфер.
Ериксен летово се поврзуваше со Реал Мадрид, меѓутоа сумата од 70 милиони евра им ги расипа плановите. Интерес за овој фудбалер покажа летово и Манчестер Јунајтед.
„Спорт1“ излегоа со информации и тврдења дека Ериксен нема да заврши ниту во Рела, ниту во Јунајтед туку дека во јануари ќе се преслеи во Баерн Минхен.
Баерн летово потрошија околу 150 милиони евра за засилувања, а наредното лето планираат да го откуат договор на Фелипе Кутињо од Барселона за 120 милиони евра.