Кристијан Ериксен влезе во последната година од договорот со Тотенхем и како стојат работите тој наредното лето како слободен играч ќе го напушти клубот. Ериксен зад себе има одлична сезона (51 натпревар, 10 гола и 17 асистенции), Тотенхем му понудија, но тој не сакаше да го продолжи договорот.
Данецот летово се поврзуваше најчесто со трансфер во Реал Мадрид, а според шпекулациите интерес за него имало и на другиот крај на Мадрид, во Атлетико.
Ериксен бил подготвен летово да го напушти Тотенхем но само под услов еден од овие три клуба, Јувентус, Реал и Барселона, да покажат интерес за него, објави „ЕСПН“.
Ваквиот негов услов значи дека тој ќе остане и оваа сезона во Лондон. Причините се јасни, тренерот на Реал Зинедин Зидан не го сака Ериксен, Барселона има доволно играчи во редот за врска, а Јувентус ќе чекаат да заврши сезоната кога ќе можат да го донесат без да платат обесштетување.