Данската ѕвезда на Тотенхем, Кристијан Ериксен, како и секогаш беше искрен во интервјуто по мечот за срцев напад, велејќи дека неговиот поранешен клуб Ајакс играл подобар фудбал во двата меча.
„Ова е навистина неверојатно! Бевме долу и се изборивме, но имавме и среќа. Жал ми е за Ајакс, бидејќи играа подобар фудбал од нас во двата меча, но ние имавме повеќе шанси. Имавме среќа и постигнавме голови. Немаше да можеме да се погледнеме во огледало да загубевме 4:0 или 5:0. Без тактика, само со срце. Срце и Лукас Моура. Се надевам дека тој ќе добие статуа во Англија по ова. Англиско финале ќе биде многу забавно“, вели Ериксен.
Ново ЛШ чудо! Лукас Моура донесе финале за Тотенхем со гол во 95. минута! (видео)