Top Sport

Ериксен нема да го продолжи договорот со Брентфорд

Кристијан Ериксен нема да го продолжи договорот со Брентфорд. Тој ќе биде член на овој клуб до крајот овој месец.

Откако лани колабираше на теренот на мечот против Финска, на ЕП, Ериксен го раскина договорот со Интер. Во зимскиот преоден рок потпиша договор со Брентфорд, за кој минатата сезона забележа 11 настапи, постигна еден гол и забележа четири асистенции.

Ериксен не планира да го продолжи договорот и бара нов клуб, а поради вградениот дефибрилатор, ограничен е бројот на лиги во кои може да игра, бидејќи во некои тоа е забрането поради преголем ризик по здравјето.

Англиските медиуми пренесуваат дека Ериксен е на мета на Њукасл.

Неофицијално најбогатиот клуб во светот под тренерот Еди Хау следната сезона сака да состави тим со кој ќе го нападне горниот дел од табелата, односно местата кои носат пласман во европските купови. Покрај Њукасл, интерес за Ериксен покажува и Тотенхем, каде менаџер е Антонио Конте, поранешниот тренер на Ериксен во Интер.

Scroll to Top