Желбата на Крстијан Ериксен ова лето да го напушти Тотенхем нема да му се исполни. Трансферот му пропаднал поради Нејмар.
Ериксен влезе во последната година од договорот што го има со Тотенхем, имаше желба да замине, а и клубот сакаше да го продаде. Реал Мадрид беа фаворити за неговиот потпис меѓутоа Зинедин Зидан смета дека таков профил на фудбалер не му е потребен.
Во финишот на преодниот рок се појави можност Ериксен да се пресели во ПСЖ, а тој трансфер му пропадна поради Нејмар.
ПСЖ очекуваа да го продадат Бразилецот, а потоа 70 милиони евра да уплатат во Тотенхем и да го семат Данецот.
Вака Ериксен остана во Лондон, а вчера постигна гол во дербито против Арсенал.