Top Sport

Ериксен повторно ќе игра за Данска

Девет месеци по натпреварот со Финска, кој можеше да заврши фатално за Кристијан Ериксен, играчот на Брентфорд доби повик од данскиот селектор за натпреварите со Холандија и Србија.

На Европското првенство, во Копенхаген, на 12.јуни, на натпреварот Данска-Финска, Ериксен доживеа срцев удар на теренот. Лекерите успеаја да го спасат, а неколку месеци подоцна доби дозвола да продолжи професионално да се занимава со фудбалот.

Го раскина договорот со Интер и во јануари потпиша со Брентфорд. Дебитираше во новиот тим пред две недели.

Данска, на 26. и 29.март ќе одигра пријателски натпревари со Холандија и Србија.

Scroll to Top