Кристијан Ериксен од Брентфорд ќе има голем број понуди во летниот преоден рок. Иако се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, данскиот интернационалец потенцира дека сака да игра во следниот циклус од Лигата на шампионите.
Ериксен се врати на фудбалот оваа зима откако минатото лето му беше поставен дефибрилатор, а во изминатите месеци со голем успех ги бранеше боите на Брентфорд.
Се шпекулира дека за неговите услуги се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но мали се шансите да замине таму, пред се поради Лигата на шампионите.
„Имам различни понуди и опции, сите се разгледуваат, ќе донесеме внимателна одлука. Би сакал повторно да играм во Лигата на шампионите. Знам колку е забавно, но тоа е од суштинско значење за мене”, изјави Ериксен.
Тотенхем моментално е четврти, но со натпревар и два бода повеќе од Арсенал.
Манчестер Јунајтед е шести и во најдобар случај може да игра во Лига Европа.